четвртак, 28. април 2011.

Shakira

Шакира (родена на 2 февруари 1977) е колумбиска пејачка, текстописец, музичарка и танчерка која направи вистински пресврт на музичката сцена во Латинска Америка во раните 1990-ти. Таа е родена и порасната во Баранкила, Колумбија. Шакира уште како мала се занимавала со живо пеење на рокенрол, латинска и либанска музика, а истотака и уште од мала се бавела со стомачен танц. Мајчин јазик на Шакира е шпанскиот, но истотака таа целосно ги зборува англискиот, португалскиот и италијанскиот.

Avril Lavigne

Аврил  Лавињ ( родена на 27 септември 1984) е канадска пејачка, текстописец, актерка, моден дизајнер и филантроп. Родена е во Белвил, Онтарио, но го поминала детството во Напани. Кога имала 15 години за првпат се појавила на сцена со Шанаја Твејн, а на 16 години потпишала договор за издавање на два албуми со издавачката куќа „Arista“ вреден повеќе од 2 милиони долари. Кога имала 17 години, Лавињ навлегла во музичката сцена, со својот прв албум Let Go, издаден во 2002 година.

Lady Gaga

Лејди Гага (родена Стефани Џоан Анџелина Германота на 28 март, 1986) е американски изведувач, артист и текстописец. Таа започнала да изведува на музичката рок сцена во Њујорк во Lower East Side. Наскоро таа потпишува договор со Streamline Records, отисок на Interscope Records, веднаш по нивното формирање во 2007. За време на нејзиниот престој во Interscope, таа работела како текстописец за неколку познати артисти и го привлекла вниманието на Akon, кој ги препознал нејзините вокални способности и и помогнал да се пријави за неговата ознака, Kon Live Distribution. Нејзиниот деби албум, „The Fame“ (Славата), беше издаден на 19 август, 2008 година.

Rihana



Робин Ријана Фенти (англиски: Robyn Rihanna Fenty), попозната само како Ријана (родена на 20 февруари, 1988 во Св. Мајкл, Барбадос) e барбадоска пејачка. До својата шеснаесетта година живее во Барбадос, но потоа се преселува во САД за да изгради своја музичка кариера, заедно со продуцентот Ивен Роџерс. Во исто време таа потпишува и договор со Def Jam Recordings после аудицијата со тогашниот сопственик Џеј-Зи.

Во 2005, Ријана го издава нејзиниот деби албум насловен Music of the Sun, кој успева да се искачи во топ десет на американскиот Билборд 200 (албум табела) и го содржи доминантниот Билборд Хот 100 хит „Pon de Replay“.