среда, 11. мај 2011.

Пејачки-Македонски

Елена Ристеска
Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје, Македонија. Родена е како второ дете во домот на Деса и Ацко Ристески. Таа уште во своите рани години покажала интерес кон музиката и уметноста. Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови. Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.




Калиопи Букле 

Калиопи Букле е познат и истакнат македонски воклен, вокален интерпретатор, композитор и текстописец. Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп музика. Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесетите. Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.


Каролина Гочева
Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) е македонска пејачка, која 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизијаа. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место.

Нема коментара:

Постави коментар